Доставен CORINAIR инвентарот за емисии до UNECE/EEA

Доставен CORINAIR инвентарот за емисии до UNECE/EEA

Министерството за животна средина и просторно планирање согласно член 27-г од Законот за квалитет на амбиентен воздух и барањата на Конвенцијата за прекуграничен пренос на аерозагадувањето (CLRTAP) го испрати инвентарот за емисии на загадувачките супстанци за 2013 година до Европската комисја на Обединетите нациии за Европа (UNECE) и Европската агенција за животна средина(EEA). Инвентарот се однесува на вкупните емисии на основните загадувачки супстанци (SOx, NOx, NMVOC, CO, TSP, PM10, PM2.5) , перзистентните органски загадувачки супстаници и тешки метали по сектори на ниво на Република Македонија. Воедно согласно барањата наведени во Законите за ратификација на протоколите на Конвенцијата за прекуграничен пренос за аерозагадувањето беа пресметани и емисиите на наведените загадувачки супстанци на во базните години (1980, 1987, 1988 и 1990 година)

CORINAIR инвентарот за емисии на ниво на Република Македонија за 2013 година е достапен на следната веб страната http://cdr.eionet.europa.eu/mk/un/UNECE_CLRTAP_MK

Comments are closed.