Озон O3

Озонот настанува по природен пат во повисоките слоеви на атмосферата. Озонскиот слој е со дебелина од 20км и се наоѓа на висина од 25-30 км. Во овој дел концентрацијата на озонот е многу висока од останатиот дел на атмосферата. Озонот го апсорбира штетното UV зрачење од сонцето и на тој начин озонскиот слој го штити животот на земјата. Затоа општеството треба да се соочи со предизвикот за одржување на соодветна концентрација на озон во озонскиот слој. Сепак, приземниот озон O3 кој се формира со фотохемиски реакции кои вклучуваат NOX и VOCs во присуство на сончева светлина може да предизвика штетни ефекти кај луѓето и животната средина.

Главните извори на NOX и VOCs се излезните гасови од моторите, емисиите од индустриските постројки, пареите од бензен, хемиските растворувачи и биогенетски емисии од природни извори. Приземниот озон O3 cисто така, може да биде пренесен на поголема далечина при соодветни метеоролошки услови.

Највисоки концентрации на оваа загадувачка супстанца, се забележуваат во пролет и лето, додека најниски концентрации се забележуваат во текот на зимскиот период, како што може да се забележи и од следниот графикон.

Во однос на животната средина оваа загадувачка супстанца предизвикува негативни ефекти врз растот и репродукцијата на растенијата, го намалува земјоделскиот принос, влијае на екосистемите преку промени во движењата на водата, циклусите на минералите/нутриентите и живеалиштата и предизвикува дезинтеграција на органските материјали.

O3