Гази Баба

ГАЗИ БАБА

Станицата во Гази Баба е лоцирана на рид во северо-западниот дел на Скопје, во близина на универзитетскиот комплекс. На далечина од 20 метри се наоѓа паркиралиште. Во областа Железара, северо-западно од станицата, на одалеченост од 2 километри се наоѓа индустрија за металургија. Оддалеченоста од главниот пат (булевар Александар Македонски) е 300 метри. Додека најблиските станбени објекти се на оддалеченост од околу 100 метри.

Субурбаната позадинска станица ги претставува севкупните позадински концентрации во градот под влијание на интегрираниот придонес од сите извори.

Се мерат загадувачките супстанции:  NO2, SO2, CO и PM10.

AMS-Gazi Baba-view Gazi Baba