Мобилна станица-Бутел

МОБИЛНА СТАНИЦА-БУТЕЛ

Мобилната автоматската мониторинг станица за квалитет на амбиентен воздух е поставена во Општина Бутел, која се простира во крајниот северен дел од градот Скопје. Истата ќе биде поставена на одредената микролокација во период од една година, почнувајќи од месец март 2018 година.

Мобилната станица е поставена во дворот на ОУ „Живко Брајковски”, односно во зелениот појас помеѓу објектот на ОУ „Живко Брајковски”, Спортската сала и објектот на Градинката „11 Октомври”, во близина на преградната ограда со Градинката и на трафостаницата од ЕВН, на ул. Хо Ши Мин бб, од источна страна.

Оддалеченоста од најблискиот пат е околу 15 метри, и околу 60 метри оддалечен од спортската сала. Во непосредна близина од околу 10 метри има дрвја со висина од десетина метри. На растојание од 20 метри од станицата се наоѓаат првите станбени згради и куќи.

Поставеноста на станицата е таква што се очекува да се регистрира уделот на загадувањето кое доаѓа претежно од согорувањето на горива за затоплување на административните згради и приватни живеалишта во зимскиот период од годината како и помал удел кое доаѓа од загадувањето од сообраќајот.

Се мерат загадувачките супстанции: O3, NO2, SO2, CO, PM10 и PM2.5

Butel2 Butel1