Гостивар

ГОСТИВАР

Гостивар е град во западна Македонија, сместен во јужниот дел од Полошката котлина, поставен на надморска височина од 510 метри, на подножјето од Шар Планина од една и Сува Гора од друга страна. На 5 км југозападно од Гостивар се наоѓа изворот на најголемата река во Македонија, Вардар, која тече и низ самиот град и го дели на два дела. Во негова близина се наоѓа и најголемиот македонски национален парк и скијачки центар Маврово.

Автоматската мониторинг станица за квалитет на амбиентен воздух во Гостивар е поставена во дворот на ОУ „Гоце Делчев”, на западната страна, од левата страна на главниот влез во училиштето, на ул. Браќа Блажевски бб. Оддалеченоста од најблискиот пат е околу 5 метри. На растојание од 20 метри од станицата се наоѓаат првите станбени згради и куќи, како и самиот објект од училиштето. Главната сообраќајница се наоѓа на околу 200 метри од станицата. Центарот на градот е оддалечен околу 500 метри.

Поставеноста на станицата е таква што се очекува да се регистрира уделот на загадувањето кое доаѓа претежно од согорувањето на горива за затоплување на административните згради и приватни живеалишта во зимскиот период од годината како и помал удел кое доаѓа од загадувањето од сообраќајот.

Се мерат загадувачките супстанции: O3, NO2, SO2, CO и PM10.

Gostivar1 Gostivar2