Гевгелија

ГЕВГЕЛИЈА

Природната целина на Гевгелиската котлина се протега од северната и јужната страна на македонско – грчката граница. Рељефот е издробен на бројни ридови, чуки и тумби меѓу кои се широките и плитки долини кои гравитираат кон југ. Најниска кота на реката Вардар, кај државната граница, е 45 м.н.в, а највисоката 88 м.н.в. Релативната височина помеѓу овие точки изнесува 43 метри на исправена должина од 26 км.

Градот Гевгелија е град во југоисточниот дел на Македонија, во непосредна близина (3 км) на границата со Грција, кој лежи во рамниот дел на котлината и чии природни граници се: од исток реката Вардар, од југ Сува Река, према запад нема природна граница, рамнината продолжува кон Моин, према север Караорман и Мрзенски рид меѓу кои, низ куса долина, поминува регионалниот пат за Негорци. Просечната надморска висина на која лежи градот изнесува помеѓу 53 и 60 м.н.в.

Во текот на месец октомври 2020 година во општина Гевгелија се постави Автоматска мониторинг станица за квалитет на амбиентен воздух.

АМС Гевгелија е поставена на микролокација лоцирана на КП 5263, КО Гевгелија во општина Гевгелија, во непосредна близина на Јавната Општинска Установа Детска градинка „Детска радост“ – клон „Сончогледи“ (на самиот тротоар помеѓу надворешната ограда од градинката и улицата Ристо Јанев). Оддалеченоста од најблискиот пат е околу 5 метри. На растојание од 15 метри од станицата се наоѓаат првите станбени згради и куќи. На растојание од 20 метри од станицата се наоѓа објектот од градинката.

Поставеноста на станицата е таква што се очекува да се регистрира уделот на загадувањето кое доаѓа претежно од согорувањето на горива за затоплување на административните згради и приватни живеалишта во зимскиот период од годината како и помал удел кое доаѓа од загадувањето од сообраќајот. Доминантен правец на ветер е од север кон југ.

Се мерат загадувачките супстанции: O3, NO2, SO2, CO, PM10 и PM2.5.

Gevgelija1 Gevgelija2