Берово

БЕРОВО

Берово е град во источниот дел на Република Македонија, сместен под падините на Малешевските Планини, со вкупна  на површина од 595 км2, поставен на просечна надморска висина од околу 800 метри. Во негова близина се наоѓа и Беровското Езеро, кое е вештачко езеро што се простира покрај извишени борови стебла, сместено до селото Ратево, на 6 километри од градот Берово, на надморска височина од околу 1000 метри.

Релјефот на општина Берово е претежно ридско-планински, а рамнински терени има само околу речното корито на реката Брегалница.

Берово кое е дел од Малешевската Котлина, има умерено-континентална клима со модификација на климата во високите планински и рамнински делови.

Во текот на месец декември 2021 година во општина Берово се постави Автоматска мониторинг станица за квалитет на амбиентен воздух.

АМС Берово е поставена на одредена микролокација лоцирана на КП 2197, КО Берово во општина Берово, во Градскиот парк (познат и како Американски парк) од левата страна на реката Брегалница. Јужно и западно од микролокацијата на станицата, на растојание од околу 20 метри се наоѓаат најблиските приватни живеалишта (станбени објекти, згради и куќи). Источно од микролокацијата на станицата, на растојание од околу 70 метри се наоѓа кејот на реката Брегалница, а од север до североисток од станицата се наоѓа Градскиот парк.

Поставеноста на станицата е таква што се очекува да се регистрира уделот на загадувањето кое доаѓа претежно од согорувањето на горива за затоплување на приватни живеалишта во зимскиот период од годината како и помал удел кое доаѓа од загадувањето од сообраќајот. Доминантен правец на ветер е од исток, потоа втор доминантен правец е од север, понатаму од североисток и од северозапад.

Се мерат загадувачките супстанции: O3, NO2, SO2, CO, PM10 и PM2.5.

Berovo4 Berovo6