Проекти

Проекти за воздух финансирани од JICA, EU, GTZ, Холандска влада

Твининг проект – EU IPA TAIB 2012
Проект за набавка – EU IPA TAIB 2008
Твининг проект – EU IPA TAIB 2008
Ратификација на протоколи кон CLRTAP
Техничка поддршка за ДAМСКВ
Твининг проект  – EU CARDS 2005
Национална стратегија за апроксимација во животната средина – EU CARDS 2005
Управување со животна средина – ЕU CARDS 2004
Набавка на мониторинг станици за квалитет на воздух – ЕU CARDS 2001
Набавка на мониторинг станици за квалитет на воздух – EU PHARE COP 99
Студија за Мониторинг систем за квалитетот на воздухот – JICA

 

 

Проект Студија за Мониторинг систем за квалитетот на воздухот
Донор JICA (Јапонската агенција за меѓународна соработка)
Период 1997-1999
Буџет 2.700.000 USD
Краток опис Дизајнирањето на современ Државен автоматски мониторинг систем за  квалитет на воздух започна во 1997 година со изработка на Студија за Мониторинг систем за квалитетот на воздухот во Република Македонија. Студијата ја опфати територијата на државата, за која се направи детален план за воспоставување на мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух. Во рамките на овој проект беа поставени: четири мониторинг станици во Скопје и тоа во Карпош, Гази Баба, Центар и Лисиче како и централна станица за прибирање на податоците за измерените концентрации на загадувачките супстанци озон, сулфур диоксид, азотни оксиди, јаглерод моноксиди суспендирани честички со големина до 10 микрометри од мониторинг станиците.
Проект Набавка на фиксни мониторинг станици за квалитет на воздух, со договор број 99/MAC01/04/006 – EUROPEAID/112521/D/S/MK
Донор EU PHARE COP 99
Период Јуни – Декември 2002
Буџет 350.000 EUR
Краток опис Во рамките на проектот беа инсталирани 3 мониторинг станици за квалитет на воздух во Кичево, Кочани и Куманово и 3 високо волуменски семплери за мерење на суспендирани честички со големина до десет микрометри. Исто така, беше променет софтверот во централната станица, во која секој час пристигнуваа податоците од сите станици преку телефонска модемска врска.
Проект Набавка на мониторинг станици за квалитет на воздух, со договор број 01/MAC05/05/003 – EUROPEAID/114059/D/S/MK
Донор EU CARDS 2001
Период Август 2003 – Maj 2004
Буџет 1.100.000  EUR
Краток опис Со овој проект беа набавени и инсталирани 6 мониторинг станици за квалитет на воздух кои беа поставени на следните локации и тоа во Битола и Велес по 2 станици, Тетово и с.Лазарополе по 1 станица, 1 мобилна станица поставена во Кавадарци, 1 станица за следење на загадувањето од сообраќајот поставена во Ректорат на универзитетот “Св. Кирил и Методиј” спроти Судска палата.

Исто така, беа донирани и 6 нискo и 1 високо волуменски уред за земање примероци за мерење PM10, теренско возило за одржување на системот, комплетна калибрациона лабораторија која е сместена во рамките на Централната Лабораторија за животна средина, резервен сет анализатори и две дигитални ваги.

Воедно беа променети сите анализатори во скопските станици со што практично истите беа комплетно репарирани и унифицирани со останатата опрема од станиците низ Република Македонија.

Проект Управување со животната средина
Донор ЕU CARDS 2004
Период Јуни 2005 – Мај 2007
Буџет  
Краток опис Во рамките на компонентата М3 од проектот се изработи прелиминарна оценка на квалитетот на воздухот на територијата на државата согласно рамковната директива за воздух 96/62/ЕC, за загадувачките супстанци CO, SO2, NO2, O3 и PM10 и се даде предлог за воспоставување на зоните/агломерациите за квалитет на воздух.
Проект Националната стратегија за апроксимација во животната средина
Донор EU CARDS 2005
Период Февруари 2006 – Април 2007
Буџет  
Краток опис Во рамките на проектот се изготви Национална стратегија за апроксимација во животната средина и 11 секторски стратегии. Се подготви стратегија за апроксимиција за квалитет на воздух. Се изготвија коресподентни тебели, имплементациони прашалници и анализа на трошоци за имплеменатција на рамковната директива за квалитет на воздух 96/62/ЕC и директивата за национални горни граници – плафони за емисии во воздухот 2001/81/ЕC. За директивата за озон 2002/3/ЕC и директивата за тргување со емисии на јаглерод диоксид 2003/87/ЕC се изработија коресподентни табели и имплементациони анализи.
Проект Твининг проект „Подобрување на квалитетот на воздухот“
Донор ЕУ CARDS 2005
Период Септември 2006 – Мај 2008
Буџет 600.000 EUR
Краток опис Проектот беше првиот Твининг проект во областа на животната средина во Македонија и на Балканот. Твининг партнер во проектот беше Финска, а помлад партнер Австрија.

Проектот се реализираше преку имплементација на следните пет компоненти:

Компонента 1 – Подготовка на упатства и подзаконски акти во која беа изработени: Упатство за примена на Уредбата за гранични вредности за квалитет на воздух, Правилник за мониторинг на квалитет на воздух и известување и Правилник за содржината и начинот за подготовка на Националниот план, програмите и акционите планови за заштита на амбиентниот воздух како и упатства за нивна примена.

Компонента 2 – Инвентари на емисии во воздух во рамките на која се направи анализа на недостатоци на емисионите инвентари во Република Македонија, се подобрија перформансите на постоечката база на податоци со можност за пребарување и добивање на разни видови извештаи.

Компонента 3 – Прелиминарна проценка на квалитетот на воздухот во рамките на која беа изработени Извештај за оценка на квалитетот на воздухот за загадувачките супстанци CO, SO2, NO2, O3 и PM10 и беше подобрена методологијата за изработка на извештајот.

Компонента 4 – Мерења на квалитетот на воздухот и лабораториска работа во рамките на која беше изработен План за обезбедување на сигурност и контрола на квалитет на податоци за квалитет на воздух. Со овој твининг проект се зајакнаа и капацитетите на МЖСПП за одржување, сервисирање и калибрација на инструментите за мониторинг на квалитет на воздух, како и за мерење на емисии во воздухот.

Компонента 5 – Дисперзионо моделирање во рамките на која беа инсталирани два модела за моделирање на квалитетот на амбиентниот воздух од стационарни извори и од сообраќајот, при што беше изработено предвидување на квалитетот на воздухот во околината на поголемите стационарни извори и истите беа интегрирани во извештајот за оценка на квалитетот на воздухот.

Проект Техничка подршка за Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздух
Донор Германска билатерална помош финансирана од Центарот за Меѓународна миграција (ЦИМ) и развој со ГТЗ (Германски Технички Завод) и БА (Федералниот сервис за работа)
Период Февруари 2005 – Јуни 2009
Буџет 109.608 EUR
Краток опис Преку овој проект се обезбеди германски експерт како техничка помош во управувањето со Државниот автоматски мониторинг за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКАВ) во Република Македонија.

Со финансиска помош од ЦИМ организацијата, беа опремени работилницата за сервисирање на интрументите за мониторинг на квалитет на воздух и калибрационата лабораторија. Воедно експертот помогна во изготвувањето на програма, план за работа и подготовка на дел од документација за воспоставување на системот за обезбедување на сигурност и контрола на квалитетот во рамките на ДАМСКАВ.

Проект Ратификација и имплементација на протоколот за тешки метали, протоколот POPs и Гетеборшкиот протокол кон Конвенција на далекусежно прекуграничен пренос на загадувачки супстанци
Донор Холандската влада
Период Октомври 2009 – Септември 2012
Буџет 135.000 USD
Краток опис Проектот имаше за цел да помогне на Република Македонија да се ратификуваат и имплементираат трите последни протоколи, односно протоколот за тешки метали, протоколот POPs и Гетеборшкиот протокол кон CLTRAP преку подготовка на имплементациони планови за ратификација на истите.

Проектот се спроведуваше во земјите од Западен Балкан (Србија, Албанија, Црна гора, Босна и Херцеговина и Република Македонија). За секоја од зeмјите посебно беа обезбедени финансиски средства во висина од 135,000 Американски долари.

Во рамките на овој проект се подготвија:

  • Национален план за заштита на амбиентниот воздух
  • Национален план за редукција на емисии
  • Инвентар на тешки метали
Проект Твинининг проект „Зајакнување на капацитетите на централно и локално ниво во управувањето со животната средина во областа на квалитетот на воздухот” МК/2008/IB/ENV/01
Донор EU IPA TAIB 2008
Период Септември 2010 – Октомври 2012
Буџет 1.000.000 EUR
Краток опис Твининг проектот имаше за цел подобрување на управувањето со квалитетот на воздухот во земјата. Проектот заеднички се имплементираше од страна на Финскиот метеоролошки институт, Агенцијата за животна средина на Австрија и Италијанското Министерство за животна средина, копно и море. Имено, од земјите членки на ЕУ, Финска беше избрана за лидер на проектот, а Австрија и Италија како помлади партнери.

Во проектот активностите  се спроведуваа во три компоненти:

Компонента 1 – Понатамошен развој на легислативата

Компонента 2 – Зајакнување на административните капацитети за имплементација на легислативата за квалитет на амбиентенот воздух

Компонента 3 – Зајакнување на административните капацитети за мерење, мониторинг и известување за квалитет на воздух

За да се обезбеди успешната имплементација на проектот, покрај Министерството за животна средина и просторно планирање во проектот се вклучени сите релевантни институции кои имаат надлежност во областа на животната средина и тоа Управата за хидрометеролошки работи, Институт за јавно здравје, како и избраните пилот единици на локалната самоуправа Град Скопје, Гостивар, Берово, Кавадарци, Аеродром, Карпош и Битола.

Во рамките на компонента 1 се подготвија следните правилниците  и упатства:

  • Правилник за поблиски услови за вршење на определени видови стручни работи и во поглед на опремата, уредите, инструментите и соодветните деловни простории кои треба ги исполнуваат субјектите кои вршат определени стручни работи за мониторинг на квалитетот на амбиентниот воздух (Службен Весник на РМ број 69, 23.05.2011);
  • Правилник за формата и содржината на обрасците на доставување на податоците од емисиите во амбиентниот воздух од стационарните извори, начинот и временскиот период на доставување согласно капацитетот на инсталацијата, содржината и начинот на водење на дневникот за емисии во амбиентниот воздух (Службен Весник на РМ број 79, 13.06.2011);
  • Правилник за методологијата, начините, постапките, методите и средствата за мерење на емисиите од стационарните извори (Службен Весник на РМ број 11, 24.01.2012);
  • Измени и дополнувања на Законот за квалитет на амбиентиот воздух
  • Упатствата за правилникот за ГВЕ од стационарните извори и правилникот за мерење на емисии се финализирани.

Во рамките на компонента 2 се подготвија следните документи:

  • Проценка на капацитетите на институциите од централно ниво (МЖСПП, УХМР и ИЈЗ) и ЕЛС (Град Скопје, Кавадарци, Битола, Аеродром, Карпош, Берово и Гостивар) во однос на управувањето со квалитетот на воздухот и подготвка на планови за нивно зајакнување.
  • Обука на ЕЛС и институциите на централно ниво за подготовка на плански документи
  • Програма за намалување на загадувањето и подобрување на квалитетот на воздухот за градот Битола

Во рамките на компонента 3 се подготвија следните документи и се реализираа следните активности:

  • Упатство за квалитет на проценка и квалитет на контрола за мерењата на квалитет на воздух и калибрационата лабораторија
  • Обуки за зајакнување на капацитетите за мониторинг, оценка и известување за состојбата со квалитетот на воздухот
  • План за процесот на акредитација на калибрационата лабораторија
  • Направени се индикативни мерења на лесно испарливите органски соединенија (Volatile Organic Compounds VOC), во период од една година на две локации, едната во центарот на Скопје, Ректорат, а другата во околината на рафинеријата Окта, Миладиновци и подготвен е извештај
  • Оценка за квалитетот на воздухот за период 2006-2010 и ревизија на листа на зони и агломерации
  • Развој на веб порталот за квалитет на воздух
Проект ЛОТ 1: Набавка на метеоролошки станици

ЛОТ 2: Набавка на мониторинг станици за квалитет на амбиентен воздух

ЛОТ 3: Набавка на Интегриран систем за управување со квалитет на воздух

Донор EU IPA TAIB 2008
Период 2010 – 2011
Буџет 522.940 EUR

(ЛОТ1 – 62.340 EUR, ЛОТ2 – 329.600 EUR, ЛОТ3 – 131.000 EUR)

Краток опис Набавката на опремата вклучува две автоматски станици за мониторинг на квалитетот на воздухот. Овие станици имаат анализатори за мониторинг на сулфур диоксид (SO2), азотни оксиди (NOX), јаглерод моноксид (CO), озон (O3), цврсти честички (PM2.5 и PM10), бензен и останати испарливи органски соединенија. Станиците беа лоцирани во Скопје, во општините Карпош и Центар. Со новата опрема, започна мониторингот на цврстите честички (PM2.5).

Набавката на опремата, исто така вклучува и три нови автоматски метеоролошки станици и една напредна метеоролошка станица. Новите метеоролошки станици се лоцирани во Битола, Охрид и Крива Паланка. Напредната метеоролошка станица е сместена во Црешево, во Скопската котлина.

Покрај опремата за мониторинг, со финансии од ЕУ е извршена и набавка на систем за управување со податоци за квалитет на воздухот. Софтверот Airviro, е разработен од страна на Шведскиот метеоролошки и хидролошки институт и Apertum IT AB. Системот ги собира и зачувува податоците од автоматските мониторинг станици за квалитет на воздух и има алатки за валидација на податоците и контрола на квалитетот на овие податоци.

Проект Твининг проектот „Понатамошно зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на acquis во областа на квалитет на воздухот“
Донор IPA TAIB 2012
Период Мај 2015 – Јануари 2017
Буџет 1.100.000 EUR
Краток опис Проектот се имплементираше во соработка со Финскиот метеоролошки институт и Агенцијата за животна средина на Австрија, а покрај Министерството за животна средина и просторно планирање во активностите на проектот беа вклучени и Институтот за јавно здравје, Градот Скопје и неколку други општини. Целта на проектот е беше да се зајакнат административните капацитети во областа на управувањето со квалитетот на воздух и влијанието на загадувањето на воздухот врз здравјето преку имплементација на соодветното ЕУ законодавство.

Активностите се реализираа во 4 компоненти:

Компонента 1. Зајакнување на капацитетите на централната лабораторија за животна средина лабораторија во областа на мерења за  квалитетот на воздухот, мерења на емисиите и хемиски анализи поврзани со загадувањето на воздухот

  • Прирачник за квалитет и Стандардни оперативни процедури (SOPs) за калибрационата лабораторија
  • Спроведена е Кампања за индикативни мерења на тешки метали и полициклични ароматични јаглеводороди
  • Примена на PMF моделот за утврдување на уделите на различните извори на емисии на позадинската локација Карпош во Скопје
  • Извештај за состојбата на централната лабораторијата за животна средина и план за модернизација на лабораторијата

Компонента 2. Зајакнување на капацитетите за вршење на емисионен инвентар и дисперзионо моделирање вклучувајќи моделирање на изложеноста

  • Инвентарот на емисии на загадувачки супстанци во воздух за 2014 година и информативен извештај за инветарот
  • Студија за оценка на квалитетот на воздухот со употреба на дисперзионо моделирање за Скопје

Компонента 3. Понатамошно подобрување на управувањето со податоците за квалитетот на воздухот и известување на информации поврзани со квалитетот на воздухот и користење на информациите за квалитет на воздухот за поддршка на политиката за животна средина и планирањето и спроведувањето на акциони планови за чист воздух

  • Планови за квалитет на воздухот и краткорочни акциони планови за агломерација Скопје и за Тетово
  • Нова верзија на порталот за квалитет на воздух
  • Воспоставен е системот на електронско известување за квалитет на воздух до Европската агенција за животна средина (ЕЕА) согласно одлуката 2011/850/ЕЦ
  • Извештај за квалитет на воздух за период 2015-2015 година
  • Стратегија за комуникација за информирање за состојбата на квалитетот на воздухот;
  • Три брошури со цел подигнување на свеста кај граѓаните
  • Иницијатива за почист воздух преку изработка на ТВ спот и Facebook страна „Дишеме Заедно“

Компонента 4. Зајакнување на капацитетите за проценка на влијанието на загадување на воздухот врз здравјето на луѓето

  • Нацрт Национален акциски план за процена на здравствените ризици при краткотрајни и долготрајни епизоди на аерозагадувањето
  • Воспоставен е основен методолошки пристап за процена на здравствените ризици
  • Нацрт национална Програма за воведување на хуман биомониторинг за процена на нивото на персонална изложеност на клучните контаминенти на аерозагадување во Република Македонија
  • Студија за ефектите од загадувањето со цврсти честички врз морталитетот во Скопскиот регион