Гранични/целни вредности и прагови

Гранични / целни вредности и прагови

Националното законодавство ги дефинира граничните и целните вредности, долгорочните цели и праговите за информирање и алармирање за концентрациите на загадувачките суспстанци во амбиентниот воздух во Уредба за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини и толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на РМ бр. 50/05, Службен весник на РМ бр.4/13, Службен весник на РМ бр. 183/17).

Граничните и целните вредности за SO2, NO2, CO, PM10, PM2.5, O3, бензен, PAHs и тешки метали се дефинирани со цел да се заштити здравјето на луѓето. Прагот на алармирање означува ниво на концентрација над кое постои ризик од кратка изложеност по здравјето на луѓето во целина и во случај кога треба да се преземат непосредни чекори за подобрување на квалитетот на воздухот. Во законодавството дефинирани се праговите на алармирање за концентрациите на SO2 и NO2, како и праговите за информирање и алармирање за озон и РМ10.

 Загадувачка супстанца Гранична или целна вредност Долгорочна цел Прагови на информирање и алармирање
Просечен период Вредност Број на дозволени надминувања Вредност Период Вредност на прагот
SO2 Час

Ден

350 μg/m3

125 μg/m3

24

3

3 часа 500 μg/m3**
NO2 Час

Година

200 μg/m3

40 μg/m3

18

0

3 часа 400 μg/m3**
Бензен Година 5 μg/m3 0
CO Максимална дневна

8-часовна просечна

10 mg/m3 0
PM10 Ден

Година

50 μg/m3

40 μg/m3

35

0

2 дена

2 дена

100 µg/m3 и прогноза за стабилна временска состојба *

200 µg/m3 и прогноза за стабилна временска состојба**

PM2.5 Година 25 μg/m3 0
Pb Година 0.5 μg/m3 0
As Година 6 ng/m3 0
Cd Година 5 ng/m3 0
Ni Година 20 ng/m3 0
B(a)P Година 1 ng/m3 0
O3 Максимална дневна

8-часовна просечна во текот на 3 години

120 μg/m3 25 120 μg/m3 1 час

3 часа

180 μg/m3*

240 μg/m3**

** праг на алармирање
* праг на информирање