Тешки метали

Тешки метали

Терминот тешки метали се однесува на хемиски елемент – метали кои имаат релативно висока густина и се токсични при ниски концентрации. Во групата на тешки метали се жива (Hg), кадмиум (Cd), арсен (As), хром (Cr), талиум (Tl), никел (Ni) и олово (Pb).
Тешките метали жива, кадмиум, олово, хром се мошне опасни по здравјето на луѓето и и животната средина. Во рамките на Европската заедница единаесет елементи кои се највисок интерес се: арсен, кадмиум, кобалт, хром, бакар, жива, манган, никел, олово, калај и талиум. Загадување со тешки метали можат да произлезат од многу извори. Најголеми извори на кадмиум (Cd) се јагленот, согорување на гас, нафта (мали количини), рударски активности вклучително и топење, фосфатни ѓубрива, канализациски талог, моторни возила (гуми и масла за подмачкување).
Извори на олово (Pb) се jаглен, нафта, рударски активности вклучително и топење, согорување на гас, канализациски талог, пестициди, моторни возила (бензин). Извори на арсен (As) се Јаглен, нафта, согорување на гас, рударски активности вклучително и топење, согорување на фосилни горива, производство на геотермална енергија, фосфатни ѓубрива, пестициди. Извори на никел (Ni) се јаглен, нафта, согорување на гас, рударски активности вклучително и топење, производство на челик, согорување на фосилни горива, рафинирање на нафта, канализациски талог, моторни возила (дизел).

Концентрации на тешки метали (As, Cd, Ni and Pb) во Карпош – Скопје, во текот на мерната кампања од август 2015 до март 2016 година