Препораки

Во случај на надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 (5 последователни дена со среднодневни концентрации над 50 mg/m3) (види дневни извештаи) препорачуваме :

  • Да се користи јавниот превоз
  • Возила да не се користат без поголема потреба
  • Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време
  • Да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал
  • Правилно да се користат печките за дрва (види брошура)

Во вакoв случај Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на РМ ги даваат следните

Препораки:

Ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.