Закон за квалитет на амбиентен воздух
Министерството за животна средина и просторно планирање изготви Закон за квалитет на амбиентен воздух (Службен весник на РМ бр. 67/2004, 92/2007, 83/2009, 35/10, 47/11, 100/12, 163/13, 10/15, 146/15) во согласност со Европските директиви за воздух.
Законот детално го регулира следното:
- Гранични и целни вредности поврзани со квалитетот на воздухот;
- Гранични вредности за емисии од различните извори на загадување;
- Управување и оценка на квалитетот на воздухот и мониторинг на емисиите во воздухот;
- Планирање на заштитата на квалитетот на воздухот;
- Надзор и одговорни органи за спроведување на законодавството.
Согласно Законот досега се изготвени 16 подзаконски акти во кои се транспонирани регулативите на ЕУ и овој процес сеуште не е завршен