Clean Air

SILAM

Министерството за животна средина презема и генерира три дневна прогнозa за квалитетот на воздухот за клучните загадувачки супстанции во воздухот. Прогнозата е генерирана од моделот SILAM (Систем за интегрирано моделирање на атмосферскиот состав).

SILAM е глобален модел за хемиски транспорт и дисперзија на загадувачки супстанции во воздухот. Моделот предвидува транспорт, хемиска трансформација и таложење на загадувачките супстанции во воздухот преку користење на напредни математички постапки (Eulerian transport и Lagrangian dispersion).

  • Во пресметките моделот ги вклучува следните извори на податоци:
    • Инвентари на антропогени емисии (на пр., база на емисии TNO-MACC),
    • Податоци за емисии од шумски пожари и чад (од системи како IS4FIRES),
    • Метеоролошки податоци (често од глобални временски модели како ECMWF IFS),
    • Емисии од природно потекло (морска сол, прашина, биогени соединенија, полен).

Резултатите од моделот се прикажуваат како часовни податоци за клучните загадувачки супстанции што имаат влијание врз здравјето на луѓето и врз животната средина: озон, цврсти честички (PM10 и PM2.5), сулфур диоксид, азот диоксид и јаглерод моноксид. Податоците се презентирани на интерактивна мапа.

Прогнозата е достапна на следниот линк: