Плански документи

Заради заштита и подобрување на квалитетот на воздухот се подготвуваат плански документи на национално и локално ниво во кои се дефинираат мерки кои треба да се превземат во одредени сектори (енергетика, транспорт,…), а кои ќе имаат влијание врз квалитетот на воздухот. Начинот на подготовка и содржината на овој вид плански документи е пропишана во следните подзаконски акти:

Правилник за деталната содржина и начинот на подготвување на националниот план за заштита на амбиентниот воздух (Службен весник на РМ бр. 108/9)

Правилник за деталната содржина и начинот на подготвување на планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух (Службен весник на РМ бр. 148/14)

Правилник за деталната содржина и начинот на подготвување на краткорочните акциони планови за заштита на амбиентниот воздух (Службен весник на РМ бр. 148/14)