Полициклични ароматични јаглеводороди (PAH)
Меѓу загадувачките супстанци, PAHs се едни од најопасните по човековото здравје, бидејќи многу од нив се канцерогени. PAHs во амбиентниот воздух се сврзуваат со суспендираните честички (PM2.5 и PM10). Најпознато и најмногу проучувано соединение од оваа група е бензо(а)пиренот (B(a)P) кој се користи како претставник на полицикличните ароматични јаглеводороди. (B(a)P) е единствениот PAH за кој има определена целна вредност во законодавството кое го регулира квалитетот на воздухот. Мерените концентрации на B(a)P се високи во голем дел од Европа, главно како резултат на емисиите од горењето јаглен и дрва во домовите.