Испарливи јаглеводороди

Испарливи јаглеводороди

Испарливите јаглеводороди имаат клучна улога во формирањето озон и секундарни органски аеросоли во атмосферата. Тие го формираат најголемиот дел од фините честички во атмосферата, особено при појавата на епизодите на смог во урбаните средини. Во урбаните средини, емисиите од сообраќајот се доминантниот човечки контролиран извор на овие прекурсори. Оваа важна компонента, која може значително да придонесе во оптоварувањето со суспендирани честички, сè уште не е соодветно проучена.

Неметанските испарливи органски соединенија (NMVOCs) преставуваат група составена од хемиски различни соединенија, како што се бензен, етанол, формалдехид и циклохексан. Во делот за квалитетот на воздухот законодавството дефинира гранична вредност за концентрациите на бензен во амбиентниот воздух.