Конвенција за прекуграничен пренос на аерозагадувањето (CLRTAP)
Конвенцијата за прекуграничен пренос на аерозагадувањето (CLRTAP) од 1979 година стапи во сила во 1983 година. Република Македонија пристапи како земја членка и ја ратификуваше и потпиша Конвенцијата на 17.11.1991 година.Таа денес брои 51 земји потписнички кои ги решаваат главните проблеми во животна средина во рамките на UNECE регионот преку научна соработка и преговори.
Целта на конвенцијата е подобрување на квалитетот на воздухот на локално, национално и регионално ниво преку заедничка соработка и дефинирање на специфични мерки кои треба да ги преземат земјите за да се редуцираат емисиите на одделните загадувачките супстанци од различни сектори (индустрија, земјоделие, сообраќај итн), поради што кон конвенцијата во текот на изминатиот период се дефинирани осум протоколи, кои Република Македонија ги ратификуваше во 2010 година (Закони за ратификација на протоколите).
Во 2009 се донесени измени на Протоколот за POPs, а во 2012 на Протоколот за тешки метали и Протокол за намалување на закиселувањето, еутрофикацијата и приземниот озон. Досега само неколку европски земји ги имаат усвоени овие измени.
Република Македонија преку претставници од МЖСПП, активно учествува во работата на конвенцијата и нејзините работни тела Извршното тело, Управниот одбор на EMEP, Работна група за стратегии и ревизии и со членство во Имплементaциониот комитет.
Тукa можете да пристапите до публикациите кои се однесуваат на аерозагадувањето како и стратегиите и политики за неговото намалување.