Општина Бутел
Мобилна станица – Општина Бутел (од 09.02.2018 до 07.06.2019)
Мобилната автоматската мониторинг станица за квалитет на амбиентен воздух беше поставена во Општина Бутел, која се простира во крајниот северен дел од градот Скопје. Истата беше поставена на одредената микролокација во период од 16 месеци, почнувајќи од месец Февруари 2018 година.
Мобилната станица беше поставена во дворот на ОУ „Живко Брајковски”, односно во зелениот појас помеѓу објектот на ОУ „Живко Брајковски”, Спортската сала и објектот на Градинката „11 Октомври”, во близина на преградната ограда со Градинката и на трафостаницата од ЕВН, на ул. Хо Ши Мин бб, од источна страна.
Оддалеченоста од најблискиот пат е околу 15 метри, и околу 60 метри оддалечен од спортската сала. Во непосредна близина од околу 10 метри има дрвја со висина од десетина метри. На растојание од 20 метри од станицата се наоѓаа првите станбени згради и куќи.
Поставеноста на станицата беше таква што се очекува да се регистрира уделот на загадувањето кое доаѓа претежно од согорувањето на горива за затоплување на административните згради и приватни живеалишта во зимскиот период од годината како и помал удел кое доаѓа од загадувањето од сообраќајот.
Се мерат загадувачките супстанции: O3, NO2, SO2, CO, PM10 и PM2.5
|
|
|
|