Струмица
СТРУМИЦА
Станицата Струмица е поставена во месец јануари 2018 година.
Струмица е град сместен во југоисточниот регион од Република Македонија, поставен во Струмичкото поле, опкружен со планините Беласица, Огражден и Еленица.
Автоматската мониторинг станица за квалитет на амбиентен воздух во Струмица е поставена во дворот на Општата болница, од западната страна, на ул. Панче Пешев бб. Оддалеченоста од најблискиот пат е околу 5 метри, и околу 500 метри оддалечен од главниот градски плоштад. Во непосредна близина од околу 25-30 метри, на висина од околу 15 метри, се наоѓа ложиштето и оџакот од системот за загревање на болницата. На растојание од 20 метри од станицата се наоѓаат првите станбени згради и куќи.
Поставеноста на станицата е таква што се очекува да се регистрира уделот на загадувањето кое доаѓа претежно од согорувањето на горива за затоплување на административните згради и приватни живеалишта во зимскиот период од годината како и помал удел кое доаѓа од загадувањето од сообраќајот. Доминантен правец на ветер е север – северозапад кон југ – југоисток.
Се мерат загадувачките супстанции: O3, NO2, SO2, CO, PM10 и РМ2.5.
|
|
|
|