Целта на упатството е правилна примена на Правилникот за граничните вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачки субстанции во отпадните гасови и пареи кои ги емитираат стационарните извори („Службен весник на Република Македонија“ бр. 141/2010).
Упатството претставува практичен водич или прирачник за корисниците во однос на правилната примена на граничните вредности на емисија за различни дејности односно инсталации со различни капацитети наведени во Правилникот.
Упатството е насочено кон операторите на инсталациите, но исто така и кон инспекциските органи кои работат на контрола на емисиите од стационарните извори на загадување на возухот, како и надлежните органи кои издаваат А и Б интегрирани еколошки дозволи за инсталациите.
Целта на ова упатство е да им помогне на операторите на инсталациите и консултантски аналитичари во правилното вршење на мониторинг и мерење на емисиите, согласно барањата дадени во Правилникот за методите, начините и методологијата за мерење на емисии во воздухот од стационарни извори, („Службен весник на Република Македонија“ бр. 11/2012).
Во Упатството, во рамките на 10 поглавја се опишани општите аспекти на мерењата на емисиите во воздухот од стационарни извори со тоа што прецизирањето се врши со користење на дадените МКС EN и ISO стандарди наведени во него. Опишани се процедурите за обезбедување на сигурност и контрола на квалитет (QA/QC) на мерењета на емисиите во воздухот од стационарни извори.