Соопштение за надминување на праг на алармирање (28.11.2020)
Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 175µg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на мерните места во Тетово, Кавадарци и Куманово.
26.11.2020 | 27.11.2020 | |
Тетово | 193.22 | 210.58 |
Кавадарци | 188.16 | 179.9 |
Куманово | 182.16 | 209.08 |
*концентрациите се изразени во mg/m3
Соопштение за надминување на праг на алармирање (27.01.2020)
Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 175µg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на мерните места во Скопје – Карпош и Лисиче и Тетово.
Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мерните места каде има појава на надминување на праг на алармирање.
25.01.2020 | 26.01.2020 | |
Карпош | 193.29 | 177.14 |
Лисиче | 243.74 | 245.84 |
Тетово | 188.24 | 185.05 |
*концентрациите се изразени во mg/m3